Денес, 26-ти септември, Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Горанчо Котески, ја посети Здружената Оперативна Команда (ЗОК).
За време на посетата, генералот се запозна со текот на „Вежбата на командно место“ (ВКМ), која се одвива во Здружено оперативниот центар, кој за потребите на вежбата беше формиран во командата на ЗОК.
ВКМ се реализира на 25 и 26.09.2014 година со припадниците од ЗОК, а со цел извежбување на потребните процедури на штабот во процесот на донесување на воени одлуки (ПДВО). Оваа вежба се организира како подготовка за претстојното оценување на борбената готовност на ЗОК од страна на ГШ на АРМ.
На крајот од посетата, НГШ на АРМ изврши информирање на персоналот од ЗОК кој учествува на ВКМ за актуелни појави и настани, модернизацијата на АРМ, инвестиционото оддржување на објектите и опремата со која располага АРМ, цивилно воената соработка и меѓународните активности кои и претстојат на АРМ во наредниот период.