Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, во придружба на Министерот за одбрана на Р. Македонија Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија ангажирани на јужната граница.
При денешната традиционална посета на првиот ден од новата година, Претседателот Иванов на припадниците на АРМ ангажирани за време на Новогодишните празници им ја честита Новата година.
Во изјава за медиумите претседателот Иванов истакна „Генералштабот да продолжи со реформите и Армијата да биде како и досега институција со најголема доверба кај граѓаните на Република Македонија“.
Воедно се заблагодари за професионализмот кој го покажуваат припадниците на АРМ во извршувањето на задачите и подготвеноста за справување со сите предизвици.
За време на посетата на здружениот оперативен штаб, Претседателот Иванов подари видео проектор, а по одржаниот брифинг за состојбата на државната граница, делегацијата се придружи на заеднички ручек со војниците.