Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски придружуван од началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во текот на вчерашниот ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои неколку денови се ангажирани во реонот на село Тработивиште, делчевско, кое беше едно од најкритично зафатените подрачја во државата.
Притоа Претседателот Пендаровски беше информиран за активностите кои ги превзема Армијата во асистенција на сите вклучени во гасењето на пожарот како и за актуелната ситуација на терен. Притоа Претседателот изрази признание до сите припадници на Армијата кои пожртвувано се справуваат со огнената стихија. Притоа претседателот истакна:
„Ние имаме околу 250 војници на Армијата на Република Северна Македонија, тие ќе останат тука додека има потреба, ако има потреба ќе донесеме и повеќе луѓе. Мислам дека во овој момент, во таа човечка смисла, сме добро екипирани, имаме поддршка и од други институции, се разбира, не е само Армијата, и со заеднички напори мислам дека ја држиме ситуацијата под контрола се додека тоа е неопходно“.
Армијата на Република Северна Македонија од почетокот на ширење на пожарите со наредбата на Претседателот, а потоа и со прогласувањето на кризната состојба се ангажира на сите критични локации заедно со сите инволвирани структури со цел гасење на пожарите и ставање под контрола на огнената стихија.