Денес, 10 април 2014 година (четврток) продолжи оценувањето на декларираната Средната Пешадиска Баталјонска Група (СПБГ) и Лесната Маневарска Болница (ЛМБ) на армискиот полигон (АП) „Криволак“ со што вежбата „Македонски Блесок 10“ влезе во завршна фаза.
Денот започна со поставување на набљудувачница, кордон и пребарување на непријателското село и поседнување на борбени позиции за гаѓање на артилериските единици. Исто така во текот на денот ќе се реализираат и останатите планирани активности согласно листата на инциденти и настани и тоа: блокада на пат, ескортирање и напад на конвој, формирање на постојана и мобилна контролна точка, постапки при наоѓање на експлозивна направа, мобилна и извидувачка патрола, воздушен напад, евакуација на повредени и заболени (MEDEVAC) и друго.
Лесната Маневарска Болница во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ продолжи со прифат на лица повредените според претходно разработени активности за вежбата. Во претходните два дена персоналот од оценуваните единици демонстрираа високо ниво на посветеност и професионализам, при реализацијата на сложените задачи дадени согласно листата за настани и инциденти. Финалниот резултат ќе биде реална слика на прикажаните способности за исполнување на наменските задачи.
До крајот на денот, планирано е да се реализира оценување на конвој од воени моторни возила, кој во текот на движењето треба да е соочат со многубројни настани и инциденти.