Денес, 05-ти август 2014 година, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески и Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини остварија проштална средба со полковник Осман Нури Јилдирим, Одбранбено аташе на Република Турција во Република Македонија.
На средбата генералот Котески му се заблагодари на полковникот Јилдирим за неговата работа и стручен ангажман, при што го истакна неговиот придонес во продлабочувањето на одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Турските Вооружените сили (ТВС). Воедно тој искажа благодарност за континуираната и несебична поддршка која Турските вооружени сили и ја дадоа на Армијата на Република Македонија во доменот на опремувањето.
Должноста Одбранбено аташе на Република Турција, полковникот Јилдирим ја извршуваше во изминатите три години, кој ќе бидат одбележани со реализација на голем број на активности од планот за билатерална соработка, а пред се школувања на припадниците од АРМ на престижните воено образовни центри на ТВС и унапредување на соработката помеѓу специјалните сили на ТВС и на АРМ.