Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари протоколарна проштална средба со одбранбеното аташе на САД во Република Македонија, полковник Томас Батлер.
Генералот Величковски искажа благодарност на полковникот Батлер за досегашната успешна соработка, при што беше нагласено значењето на стратешкото партнерство во повеќе меѓуармиски полиња помеѓу АРМ и Вооружените сили (ВС) на САД во исполнување на нашите зацртани цели за полноправно членство во НАТО алијансата.
За време на средбата на која присуствуваше и новопоставеното воздухопловно одбранбено аташе на ВС на САД, потполковник Ерик Рајс стана збор и за претстојните заеднички вежби на АРМ и ВС на САД, како што е „Сајбер Гардијан“ која ќе се одржува во Романија, но и билатералната воена вежба „Драгон Рајд“ која ќе се изведува во Р. Македонија во период од 26.07 до 04.08.2017 година.
Уште еднаш генералот Величковски се заложи за понатамошно јакнење и проширување на меѓусебната соработка помеѓу двете армии преку развој на проекти, во функција на потполна интероперабилност на АРМ со стандардите на НАТО.