Во текот на денешниот и утрешниот ден во Домот на АРМ во Скопје се одржува работилница за родова перспектива со командантите на баталјони во АРМ.
Работилницата, која е во организација на Генералштабот на АРМ, ја обработува темата на имплементацијата на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедноста на ОН и истата се насочува кон потребата за постигнување на родова рамноправност од планирање до извршување на сите нивоа на одлучувања, односно од оперативно до тактичко ниво.
Во текот на работилницата ќе се дискутира за превенција од сексуалното насилство во конфликтни ситуации, родова нееднаквост како нова современа безбедносна закана, предизвикот кој стои при применување на плановите и концептите, а тоа е процес кој бара одлучност и промена на ставовите.
Во текот на утрешниот ден ќе се обработуваат практични вежби базирани на реални сценарија и пленарни сесии.
Работилницата за родова перспектива е прва од овој вид во Армијата на Република Македонија и истата ќе стане редовна пракса при едуцирањето на воениот и цивилниот персонал во АРМ.