Унапредување на меѓусебните релации и комуникацијата помеѓу офицерите и подофицерите беше целта на семинарот за запознавање со НАТО концептот за „Команден тим“ кој во периодот од 4 до 7 ноември во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје го реализираше стручен тим на предавачи од НАТО образовниот центар во Оберамергау.
Семинарот на кој учествуваа команданти на баталјони и нивните главни подофицери од различни единици во Армијата е согласно Планот за соработка со НАТО и е поддржан од страна на НАТО ДЕЕП (DEEP- Defense Education Enhancement Programme) тимот за унапредување на образованието во одбраната.
Преку синдикална работа покрај размената на искуства од оваа област, од страна на тимот предавачи се презентираа алатките и можностите на овој концепт кој се спроведува во армиите на НАТО земјите членки.
Со примена на ваквиот концепт во голема мерка ќе се подобрат резултатите и ефективноста при изведување на обука и едукација на припадниците на Армијата од страна на подофицерскиот кор, кој е носечки фактор за обуката и борбената готовност во Армиските редови.