Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со новоназначениот шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, морнарички капетан Горазд Бартол на која се разговараше на теми од меѓусебен интерес.
Во текот на разговорите шефот на канцеларијата за врски на НАТО се запозна со активностите на АРМ во процесот на трансформацијата и претстојната промена на логистичкиот концепт притоа согледувајќи ги потребите за советодавна и стручна помош од страна на канцеларијата.
Соговорниците се согласија за значењето од продолжување на досегашната блиска соработка на професионално рамниште, со цел придонесување во процесот на интеграција во евроатлантските структури како една од суштинските функции на канцеларијата.
Претходно, Бартол оствари посета на Здружената оперативна команда како дел од планираните посети и на останатите единици на АРМ со цел стекнување непосреден увид во нивните активности, што претставува доказ и подготвеност за понатамошна меѓусебна соработка.