Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со потполковник Бурхан Урек, новоназначеното резидентно одбранбено аташе (ОА) на Република Турција во Република Македонија.
Генералот Величковски му посака успешна работа на потполковник Бурхан Урек, новоназначеното резидентно одбранбено аташе на Република Турција во Република Македонија, кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност, истакнувајќи ја континуираната поддршка од страна на Република Турција во обуката во воените училишта во Република Турција, досегашните донации и поддршката при учеството на припадниците на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан во рамки на турскиот контингент.
На средбата генералот Величковски му оддаде признание и благодарност на досегашното нерезидентно ОА потполковникот Рушен Абединоглу за неговиот придонес во продолжувањето на билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Турција.