Денес, 23-ти септември 2014 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари средба со полковник Фиќири Хоџа, Одбранбено аташе на Република Албанија во Република Македонија.
Република Албанија за прв пат назначува нерезидентно одбранбено аташе во Република Македонија, а полковникот Хоџа должноста ќе ја извршува во од Тирана, Република Албанија.
На средбата, генералот Котески ја истакна одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Албанија. Посакувајќи му успешна работа на полковникот Хоџа, НГШ на АРМ нагласи дека со назначувањето на одбранбено аташе, соработката помеѓу двете армии ќе биде унапредена на повисоко ниво.