Заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, оствари протоколарна средба на новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Швајцарската конфедерација за Република Северна Македонија, полковник Урс Амиет и досегашното аташе полковник Ларс Вејлструп.
За време на средбата, генералот Нуредин му ја честита новата должност на полковник Вејлструп, посакувајќи продолжување и продлабочување на успешната соработка која ја имаме со вооружените сили на Швајцарската конфедерација, особено во процесот на едукација и обука.
Генералот Нуредин на крајот од средбата му се заблагодари на досегашното одбранбено аташе и посака понатамошен успех во кариерата на полковник Урс Амиет, притоа истакнувајќи го дадениот придонес во зацврстување на билатералната воена соработка.
Досегашната соработка со вооружените сили на Швајцарската Конфедерација особено е изразена преку континуирана соработка во изведување на заедничка медицинска обуката во Центарот за воено-медицинска обука од Свисинт и воено медицинскиот центар, како и изведување на алпинистика обука во центрите за обука во Швајцарија.