Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денес во генералштабот на АРМ, оствари средба со поранешните началници на генералштабот и пензионираните генерали на АРМ.
На средбата, на која присуствуваа и заменикот на НГШ генерал-мајор Азим Нуредин и директорот на генералштабот, генерал-мајор Зоран Милески, генералите на АРМ во пензија беа информирани за актуелната состојба, планираните активности и за реформските процеси кои се одвиваат во армијата.
Пензионираните генерали, за време на средбата, ги изнесоа нивните ставови и размислувања за актуелни прашања во АРМ, како и предлози и сугестии поврзани со функционирањето на АРМ.
Цел на оваа работна средба која традиционално се одржува на крајот од тековната година е информирање на генералите во пензија за процесите кои се одвиваат во АРМ и конструктивна размена на мислења.