По повод Денот на АРМ пред зградата на МО и ГШ на АРМ се организира свечен собир на вработените во МО и ГШ на АРМ.
За време на свеченоста на спомен-обележјето на загинатите бранители од 2001 година, на платото во МО и ГШ на АРМ венци со свежо цвеќе положија делегации од МО предводена од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, од ГШ на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и здружението на загинатите бранители на АРМ и други.
Пред стројот во своето обраќање министерката за одбрана Радмила Шекеринска го истакна значењето на АРМ за Република Македонија и улогата која ја имаат припадниците на АРМ не само во извршување на уставните задачи туку и во испомош на граѓаните.
На денешната свеченост беа прочитани наредби за унапредување и врачени плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на ГШ на АРМ и МО на Република Македонија и пехари за победниците на спортските натпревари организирани по повод Денот на АРМ.