Баталјонот за почести (бП), денес во касарната „Илинден“, Скопје со воена свеченост го прослави 11-ти ноември – Ден на единицата. На свеченоста присуствуваа:заменик на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, заменик командант на Здружената оперативна команда бригаден генерал Павле Арсоски, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти, претставници од Сојузот на борци на РМ и други високи гости.
Командантот на баталјонот, потполковник Тони Тонев во своето обраќање даде осврт за историските корени на баталјонот, поврзани со формирањето на Првата македонско косовска и Првата македонска пролетерска народноослободителна ударна бригада, 11 ноември 1943 година, чии носители на традиции се припадниците на бП.
Во рамките на свеченоста, делегација од бП положи свежо цвеќе на споменикот на загинатите припадници од 1.Гардиска бригада во 2001 година.
По повод денот на единицата беа прочитани стимулативни мерки за припадниците на бП по што беше изведена точката Егзерцир по што оваа единица е препознатлива .
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, за ден на бП е одреден 11-ти Ноември, како датум со кој се одбележува значаен историски настан.