Како дел од активностите кои традиционално се реализираат во пресрет на одбележување на 18-ти Август – Денот на Армијата, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски оствари средба со поранешните началници на Генералштабот и пензионираните генерали во Армијата.
На средбата, на која присуствуваа и заменикот на НГШ, генерал-мајор Азим Нуредин и директорот на генералштабот, генерал-мајор Зоран Милески, пензионираните генерали се запознаа со актуелните активности во Армијата и активностите поврзани со процесот на трансформација.
Пензионираните генерали на Армијата на оваа средба, имаа прилика да ги изнесат нивните ставови, предлози и сугестии во контекст на претстојните активности во Армијата.