Заменик на началникот на Генералштабот (ЗНГШ) на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, учествуваше на конференцијата на Европските Армии, која оваа година се одржува по 28ми пат во Визбаден (Германија) во периодот од 15 до 17 јуни.
Конференцијата е во организација на Армијата на САД во Европа и Африка под раководство на командантот на оваа команда, генерал Кристофер Каволи, а на неа учествуваат највисоки воени раководители од земјите членки на НАТО и партнерските нации.
Дискусиите кои се водени од страна на високи воени раководители на Армијата на САД, како началникот на Штаб, генерал Џејмс Мек Конвил и командантот на командата за идни вооружени сили од Армијата на САД, генерал Џон Мареј, оваа година се фокусирани на теми во кои е вклучително и модернизацијата на копнените сили, иницијативи, предизвици, фискални предизвици, влијание врз животната средина, модернизирање и одржување на подготвеност, комплементарност и теренски способни сили и други теми.
Целта на конференцијата, освен дискусиите за статусот и перспективите на воената соработка меѓу европските копнени сили е и размена на искуства помеѓу земјите на НАТО и партнерите за заедничката обука и останати безбедносни прашања.