Денес, 09 април 2014 година, во раните утрински часови, декларираната Средна Пешадиска Баталјонска Група (СПБГ) успешно изврши марш од касарната „Боро Менков“ во Куманово до армискиот полигон (АП) „Криволак“ и изведе офанзивни операции во реонот на „Џидимирци“, како една од првите борбени постапки со која започна оценувањето на оваа единица, согласно Концептот за оперативни способности на НАТО.
На АП „Криволак“ СПБГ ќе се оценува низ решавање на повеќе настани и инциденти, во кои ќе треба да ги изврши следните задачи: блокада на пат, ескортирање и напад на конвој, постапки при наоѓање на експлозивна направа, формирање на постојана и мобилна контролна точка, мобилна и извидувачка патрола, постапки при артилериски напад на база, кордон и пребарување, реакција на контаминирано земјиште, евакуација на повредени и заболени (MEDEVAC, CASEVAC) и друго.
Оценувањето на Лесната маневарска болница (ЛМБ) се врши со имплементацијата на стандардните оперативни процедури при MASCAL (ситуација кога има масовен број на сериозно повредени) од укажување на прва помош, прием, тријажа, хируршки третман, стабилизирање и медицинска евакуација по воздушен пат доколку е неопходен третман од повиско ниво на здравствена заштита.
До крајот денот беше реализиран и проектот од доменот на цивилно-воената соработка за Донацијата од АРМ, која се состои од една целодневна ужина од прехранбени продукти од целокупното раководство на вежбата и Полската болница, во име на учесниците на вежбата „Македонски Блесок – 10“ во Специјален завод за ментално ретардирани лица – Демир Капија.