На покана на Претседателот на Република Македонија во работна посета на Република Македонија престојува висока воена делегација од Вооружените сили (ВС) на Арапска Република (АР) Египет, предводена од генерал мајор Магди Махмуд Ахмед Мохамед Али.
Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски денес оствари средба со членовите на делегацијата од ВС на АР Египет. На официјалните разговори во Генералштабот, денес се разговараше за можностите за воспоставување на меѓусебна соработка во полето на одбраната, како и користење на капацитетите со кои располага АРМ.
Во рамки на посетата, која ќе се реализира во период од 26 до 30 септември делегацијата од ВС на АР Египет ќе го посети АП Криволак каде ќе бидат презентирани можностите и капацитетите за обука кој ги нуди овој полигон.
Ова е прва официјална посета на висока воена делегација од ВС на АР Египет на Армијата на Република Македонија и претставува добра основа за понатамошна соработка од взаемен интерес.