Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, пред командантот на Командата за обука и доктрини (КОД), бригаден генерал Методи Хаџи Јанев и штабот на командата, се реализираше полугодишен брифинг за состојбата во потчинетите единици на КОД.
Командантите и началниците на потчинетите единици презентираа за состојбата во своите единици во однос на персоналот, одржувањето на меатеријално-техничките средства, опремата и активностите во делот на обуката, употребата на единиците во кризна и вонредна состојба и прашања за преземање на мерки и активности за безбедност и ангажирање на персонал за заштита од COVID-19.
Тежиштето на вториот полугодишен брифинг во 2020 година беше дадено на решавање на предизвиците со кои се соочуваа единиците во изминатиот период, како и предлози за нивно надминување.