
Мисија:
Организација, подготовка и реализација на обука со питомците и кандидатите за офицери во Армијата.
Задачи:
- Изработка на Планови и Програми за организација и реализација на обуката обука со питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата;
- Организација и реализација на индивидуална и општа воена обука до ниво на вод со питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата;
- Организација и реализација на обука во зимски услови и скијање со питомците;
- Организација и реализација на обука на вода и пливање со питомците;
- Организација на обука во управување со м/в и полагање возачки испит со питомците;
- Организација на стажирање на питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата;
- Организација на стручно специјалистичка обука за родови (Курс за командири на водови) со питомците;
- Организација и реализација на воннаставни воспитно-образовни активности со питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата.
Потполковник Иван Сарафимов
Потполковник Иван Сарафимов е роден 1981 година во Штип. Основното и средното образование ги завршува во Штип и продолжува на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде што дипломира во 2003 година.
Воената кариера ја започнува како ученик-пилот во Школски тренажен сквадрон во воздухопловната бригада. Во текот на воената кариера извршува повеќе командни и штабни должности: командир на вод, командир на тим во Баталјонот за специјални сили, офицер за операции во Баталјонот за специјални сили, офицер за обука и офицер за вежби во Ј-7/ГШ на Армијата.
Своето стручно усовршување и оспособување го продолжува на Командно-штабната академија на Воената академија „Форт Левенворт“ во САД, како и на неколку курсеви во земјата и странство, меѓу кои и Курс за штабни офицери во Компонентна команда на специјални сили во Неа Перамос Р. Грција.
Во текот на својата кариера повеќе пати е наградуван, меѓу кои и сребрена значка на Армијата. Го зборува англискиот јазик. Оженет е и татко на две деца.
Центарот за обука на питомци (ЦОП) е формиран на 10 февруари 2010 година како составен дел на Командата за обука и започнува со работа во просториите на Воената Академија „генерал Михајло Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ – Скопје.
Со првата генерација на примени кандидати за питомци започнува во 2010 година. Во 2010 година во Центарот за обука на питомци реализиран е курс за офицери за потребите на службите на АРМ. Меѓу примените питомци од почетокот се примаат и питомци од Р. Црна Гора а во 2012 година реализиран е прием и на питомци од федерацијата на Босна и Херцеговина како и питомци од Р. Косово.
Од 2012 година во составот на ЦОП влегува и пилотската академија каде што се реализира обука за стручно усовршување на кандидати за офицери од видот авијација.