Мисија:
Одгледување и дресура на кучиња за различни намени како и оспособување на инструктори и војници за водачи на службени кучиња за потребите на Армијата.
Задачи:
- Одгледување, репродукција, нега и исхрана на службени кучиња;
- Изработка на Планови и Програми за изведување на дресура на службени кучиња за различни намени;
- Изведување на дресура на службени кучиња за различни намени (чувари, заштитни и кучиња за специјални намени);
- Стручно усовршување и оспособување на инструктори – водачи на службени кучиња за различни намени;
- Изведување на редресура на службени кучиња од единиците на Армијата;
- Обука на војници – водачи на службени кучиња.
Потполковник Горан Николовски
Потполковник Горан Николовски, е роден 1966 година во Демир Хисар. Средното образование го завршува во родниот град и продолжува со воено образование на Ветеринарен факултет во Загреб, Р. Хрватска, од 1986 до 1992 година.
По завршување на високото воено образование ја започнува својата воена кариера како командир на самостоен вод, 1993-1996.
Има учествувано на многу курсеви од самиот почеток на формирањето на Центарот за обука и дресура на службени кучиња, курс за инструктори и менаџмент на курсеви за обука,како и курс за справување со кризи при употреба на оружје за масовно уништување.
Претходни должности:
- Вработен во АРМ со указ на претседателот на РМ, 1993;
- Командир на самостоен вод, 1993-1996;
- Командир на вод во ветеринарна чета, 1996-1998;
- Командир на ветеринарна чета, 1998-2000;
- Офицер за обука и планирање во С-3 во ветеринарна служба, 2000-2004;
- Офицер за обука за ветеринарна служба во ЦОГ И РБСП, 2004-2006;
- Началник на Центарот за обука и дресура на службени кучиња, 2006-2012;
- Командант на Центарот за обука и дресура на службени кучиња, 2012.
Унапредувања:
- поручник-1993;
- вонредно унапредување капетан-1995;
- капетан 1 класа-1998;
- мајор-2003;
- потполковник-2012.
Ордени и обележја:
- Пофалница од МО на РМ 1995;
- Пофалница од МО на РМ 2002;
- Пофалница од МО на РМ 2011.
Странски јазици:
- Англиски.
Со одлука на владата на РМ и МО во 1993 година формиран е Центарот за обука и дресура на службени кучиња (ЦОДК) со локација во Еребино.
- Во 2009 година со помош на донација од САД Центарот за обука и дресура на кучиња комплетно се реновира;
- Од 2006 година ЦОДК е во состав на Командата за обука Велес со локација во база на ЕБР во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје;
- Во јануари 1995 година Центарот се пополнува со службени кучиња од различни раси;
- Во 1994 година Центарот започнува да работи во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје.
Центарот располага со 102 кучиња меѓу кои има раси на германски овчар, белгиски овчар, шарпланински овчар, лабрадор-ретривер и ротвајлер. Дел од овие кучиња земале учество со одредите за специјална намена на многубројни вежби.
Обуката во Центарот за одгледување и дресура на кучиња се реализира преку реализација на следните курсеви:
- Курс за обука на чуварски кучиња;
- Курс за обука на патролни кучиња;
- Курсеви за обука на кучиња трагачи:
– Обука на кучиња за откривање на експлозиви;
– Обука на кучиња за откривање на мини (делумно обучени, нема полигон за завршно тестирање);
– Обука на кучиња за откривање на лица при елементарни несреќи (во почетна фаза).
- Курсеви за обука на Водачи на службени кучиња (4 пати годишно).