Мисија:
Организација, подготовка и реализација на обука со питомците и кандидатите за офицери во Армијата.
Задачи:
- Изработка на Планови и Програми за организација и реализација на обуката обука со питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата;
- Организација и реализација на индивидуална и општа воена обука до ниво на вод со питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата;
- Организација и реализација на обука во зимски услови и скијање со питомците;
- Организација и реализација на обука на вода и пливање со питомците;
- Организација на обука во управување со м/в и полагање возачки испит со питомците;
- Организација на стажирање на питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата;
- Организација на стручно специјалистичка обука за родови (Курс за командири на водови) со питомците;
- Организација и реализација на воннаставни воспитно-образовни активности со питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата.
Потполковник Горан Шутевски
Потполковник Горан Шутевски е роден 1979 година во Штип, Основното образование го завршува во с. Русиново, а средното образование го завршува во Берово и продолжува со воено образование на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. На Воената академија дипломира во 2003 година.
Воената кариера ја започнува како заменик командир на караула во Ново Село, 3 граничен баталјон. Во текот на воената кариера има извршувано командни и штабни должности: Командир на караула Три шилци, Командир на команден вод МФБ 120 мм, Командир на 1.механизиран пешадиски вод, Командир на 2.механизирана пешадиска чета, Командир на 1.механизирана пешадиска чета, Началник на С-3/5/7 во 2.мпб, Заменик командант 2.пешадиски баталјон, Началник на одделение за операции за планирање во Центарот за симулации, Команда за обука и доктрини.
Своето стручно усовршување и оспособување го продолжува со завршување на повеќе курсеви во земјата и странство, меѓу кои и курс за командири на чети и штабни офицери на баталјон во Форт Бенинг, САД. Меѓу другото има завршено командно штабна академија на воениот колеџ во Форт Левенворт во САД во 2021 година, дисперзирани студии во Република Германија. Дополнително има учествувано на мировна мисија ИСАФ во Авганистан во 2009 и 2012 година, конференции и семинари, како и на повеќе воени вежби.
Во текот на својата кариера повеќе пати е наградуван, меѓу кои и бронзена значка на Армијата. Одлично го зборува англискиот јазик. Оженет е и татко на едно дете.
Центарот за обука на питомци (ЦОП) е формиран на 10 февруари 2010 година како составен дел на Командата за обука и започнува со работа во просториите на Воената Академија „генерал Михајло Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ – Скопје.
Со првата генерација на примени кандидати за питомци започнува во 2010 година. Во 2010 година во Центарот за обука на питомци реализиран е курс за офицери за потребите на службите на АРМ. Меѓу примените питомци од почетокот се примаат и питомци од Р. Црна Гора а во 2012 година реализиран е прием и на питомци од федерацијата на Босна и Херцеговина како и питомци од Р. Косово.
Од 2012 година во составот на ЦОП влегува и пилотската академија каде што се реализира обука за стручно усовршување на кандидати за офицери од видот авијација.