
Мисија:
Поддршка на колективната обука на командите и единиците на Армијата при реализација на планираните тактички вежби, гаѓања, обука на вода и обука во зимски услови.
Задачи:
- Обезбедување на услови за реализација на планираните вежби и гаѓања на АП „Криволак“ и стрелиште „Петровец“;
- Поддршка на командите и единиците во креирање и реализација на планираните вежби во Центарот за симулации;
- Реализација на индивидуална обука и поддршка на колективната обука во кампот за обука на вода;
- Поддршка на индивидуалната и колективната обука на единиците на Армијата во кампот за обука во зимски услови.
Потполковник Здравко Пејовски
Потполковник Здравко Пејовски, е роден 1974 година во Кавадарци. Средното образование го завршува во родниот град и продолжува со Технички факултет, Сообраќаен факултет – Патен сообраќај и транспорт во Битола. Потоа продолжува со воено образование на Курс за офицери – Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ од 1999-2000 година.
По завршување на курсот за офицери ја започнува својата воена кариера како Командир на автомобилски вод 2000-2006. Има учествувано на Мировна мисија „Одлучна поддршка“ – КОСА СЕВЕР 2019, Интернационален Планирачки курс за движење и транспорт, Осло во Норвешка, 2009 година, Логистички оперативен планирачки курс – Оберамергау во Германија- 2010 година, Напреден логистички курс – Вирџинија во САД, 2017 година и други курсеви во земјата и пошироко.
Претходни должности:
- 2000-2006: Командир на автомобилски вод;
- 2006-2009: Командир на логистичка чета;
- 2009- 2019: Офицер за движење и транспорт, пСО;
- 2019: Командант на Центарот за поддршка на обуката.
Унапредувања:
- 2000- 2003 година – поручник;
- 2003-2009 година – капетан;
- 2009-2019 година – мајор;
- 2019 – потполковник.
Ордени и обележја:
- Пофалница од НГШ на АРМ.
Странски јазици:
- Англиски јазик (V степен);
Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) е формиран согласно новата организациско формациска структура на КОД во 2012 година.
Центарот за поддршка на обуката ја помага обуката на армиските единици на копно,на вода и во воздух. Во неговиот состав се: АП „Криволак“, Кампот за обука на вода во Охрид, Кампот за обука во зимски услови на Попова шапка и стрелиштето „Петровец“ во касарната „Чојлија“ во гарнизонот Петровец.
Полигонот „Криволак“ е еден од најголемите на Балканот распространет на 22.000 хектари со најкомплетни капацитети и можности за современа обука. Располага со огромен број на сместувачки капацитети на седум локации, како кампови и логори.
Кампот за обука на вода опфаќа 40.000 метри квадратни и располага со своја плажа,и со соодветни спортски терени за обука. Обуката на вода е поддржана со употреба на армиски брод и неколку чамци.
Покрај поддршката во обуката на припадниците на специјалните единици на АРМ и питомците од Центарот за обука на питомци дава поддршка и на многу цивилни агенции. Кампот за обука во зимски услови е модерен центар за обука во зимски услови на припадниците на специјалните единици на АРМ и МВР и за обука на питомците од центарот за обука на питомци.
Располага со сместувачки капацитети за 120 лица и потребна опрема за обука. Стрелиштето „Петровец“ се наоѓа во касарната „Чојлија“ и служи за реализација на сите единечни гаѓања со пешадиско вооружување на единиците на АРМ.