
Мисија:
Организација, подготовка и реализација на индивидуалната обука на војници, подофицери и офицери од активниот и резервниот состав на Армијата.
Задачи:
- Изработка на Планови и Програми за реализација на обуката на војниците, подофицерите и офицерите од активниот и резервниот состав на Армијата;
- Реализација на напредни курсеви за офицери и подофицери од активниот и резервниот состав;
- Реализација на основен курс за подофицери од активниот и резервниот состав;
- Реализација на обука на професионални војници;
- Реализација на обука со војници на доброволно служење на воениот рок.
Мајор Садат Фера
Мајор Садат Фера е роден во Скопје 1979 година, Основното и средното образование ги завршува во Скопје и продолжува со воено образование на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. На Воената академија дипломира во 2002 година.
Воената кариера ја започнува како командир на заштитен вод во Дебар. Во текот на воената кариера има извршувано командни и штабни должности: Командир на заштитен вод Дебар, Командир на вод во Центар за индивидуална обука (ЦИО) во Командата за обука и доктрини (КОД), Командир на чета во ЦИО, Офицер за обука во ЦИО, Офицер за операции во КОД, Офицер за обука и операции во Центарот за обука на питомци, Офицер за развој на планови и програми во КОД. Своето стручно усовршување и оспособување го продолжува на командно штабна академија во военото училиште Фрањо Туџман Загреб – Хрватска во 2021 година. Меѓу другото има завршено и курсеви во земјата и странство. Дополнително има учествувано на конференции и семинари, како и на повеќе воени вежби.
Во текот на својата кариера наградуван е повеќе пати меѓу кои и сребрена значка на Армијата. Одлично го зборува англискиот и хрватскиот јазик. Оженет и татко на три деца.
Центарот за индивидуална обука (ЦИО) е формиран на 15.12.2012 година како составен дел на Командата за обука. Секоја година во ЦИО се реализира основна воена обука со три генерации на војници на доброволно служење на воениот рок во АРМ, и реализација на курсеви за професионален развој на подофицерите и професионалните војници.
Обуката во центарот се реализира согласно календарот за обука на КОД со реализација на следните курсеви:
- Курс за основна воена обука на војници на доброволно служење на воениот рок;
- Курс за основна воена обука на професионални војници;
- Примарен курс за лидери, Курс за основна воена обука на подофицери;
- Курс за инструктори;
- Напреден курс за подофицери;
- Борбено штабен курс за подофицери;
- Курс за прв подофицер во чета.