
Мисија:
Поддршка на обуката на командите и единиците на Армијата преку планирање, организација, координација и менаџирање на спроведување на командно – штабни вежби (симулациски вежби) до ниво на бригада.
Задачи:
- Обезбедување на материјално – технички услови, стручна (експертска) помош и логистичка поддршка при реализирање на командно – штабни вежби (симулации) на командите и единиците на Армијата;
- Водење на потребна документација за работа (планови за работа, сценарија, извештаи, анализи, сертификати, датотека за поддршка, единствена евиденција за реализирано вежби и сл.);
- Изработка на сценарија за вежби/симулации;
- Изработка на планови (распоред) за одржување на вежби/симулации за потребите на командите и единиците на Армијата;
- Изведување на стручна обука (подготовка) на индивидуален персонал за примена/користење на информатички средства и работни процедури во центарот за симулации;
- Извршување на оценување (сертифицирање) на постигнатите резултати на поединци и команди/штабови при вежби/симулации;
- Изработка на анализи:
– Ефективност и ефикасност на реализираните вежби/симулации, унапредување на содржини за обука и работни процедури во центарот за симулации;
– Потреби за обука/извежбување на команди и единци на Армијата;
– Начин на примена на научени лекции од ангажирање на капацитети и способности во сценарија за вежби.
- Одржување на оперативност на материјално – технички средства;
- Одржување и ажурирање (надградба) на софтвер на информатички средства;
- Менаџирање со електронска датотека и интернет страница на центарот за симулации;
- Соработка со сродни институции во Републиката и странство.
Потполковник Миле Марковски
Потполковник Миле Марковски, е роден 15.07.1978 година во Велес. Средното образование го завршува во својот роден град и продолжува со военото образование на Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, насока АРЕ ПВО, 1996-2000 година.
По завршување на високото воено образование ја започнува својата воена кариера како командир на 1.вод во командна батерија, Центар за обука на родот АРЕ ПВО, полк за ПВО. Во текот на воената кариера извршувал командни и штабни должности така што бил и на командно штабна академија „Благо Задро“, Загреб, Хрватска, 2015-2016 година.
Има завршено повеќе курсеви меѓу кои и курс за Интегрирана ПВО во Оберамергау, СР. Германија, Курс за штабни офицери во Делфт, Холандија, Курс за тактички воздухопловен Англиски во Софија, Р. Бугарија, Курс за воздухопловни операции во Флоренс, Белгија,Курс за набљудувачи на ОН во СР. Германија и други курсеви во земјата и пошироко.
Претходни должности:
- 08.2000-09.2001, командир на 1.вод во командна батерија, Центар за обука на родот АРЕ ПВО, полк за ПВО;
- 2001-05.2002, заменик командир на ракетна батерија ПВО во 3.бнПВО;
- 2002-05.2004, командир на самостоен вод во 3.бнПВО;
- 2004-11.2006 година Инструктор по физичко воспитување во А-3, команда на ВВ и ПВО;
- 2006-12.2009 година Воздухопловен офицер за содејство со копнените единици, во Ј-3/7, во Командата на ЗОК;
- 2009-17.05.2017 година, офицер за ПВО, во Ј-3, во Командата на ЗОК;
- 05.2017-18.10.2018 година, поставен на должност офицер за регионална соработка, во Одделение за меѓуармиска соработка, во персонален штаб на Началникот на ГШ на АРМ, во ГШ на АРМ;
- Од 19.10.2018 година, поставен на должност началник на Центар за симулации, во Команда за обука и доктрини, во ГШ на АРМ.
Унапредувања:
- 2000-2001 потпоручник;
- 2001-2004 поручник;
- 2004-2011 капетан;
- 2011-2016 мајор;
- 2016 потполковник.
Странски јазици:
- Англискиот јазик го владее во потполност;
- Делумно француски јазик.