Мисија:
Подготовка и реализација на курсеви по странски јазици за потребите на припадниците на Министерството за Одбрана и Армијата.
Задачи:
- Изработка на Планови и Програми за организација на курсеви по странски јазици;
- Реализација на курсеви по странски јазици за потребите на Министерството за Одбрана и Армијата;
- Спроведување на тестирања за потребите на Министерството за Одбрана и Армијата и Армијата;
- Развивање и реализација на курсеви за посебни намени;
- Планирање и организирање на семинари за унапредување на знаењата на професорите и инструкторите.
ЦЛ Снежана Стојановска
Цивилното лице Снежана Стојановска, е родена 1961 година во Скопје. Средното образование го завршува во родниот град каде што и дипломира на универзитетот Св. Кирил и Методи, Филолошки факултет „Блаже Конески“.
По завршување на високото образование ја започнува својата кариера како професор по англиски јазик и литература во основни и средни државни училишта, а од 2000 година ја продолжува во Центарот за странски јазици. Во 2014 година е поставена на местото Началник на ЦСЈ. Цивилното лице Снежана Стојановска е професор со богато искуство.
Во досегашната кариера го надградува своето образование на повеќе курсеви и разни работилници и конференции. Има учествувано на повеќе конференции и курсеви како што е меѓународната BILC конференција на која во 2019 година презентира на тема: Влијанието на јазичната обука врз интеоперабилноста на ВС. Во Сан Антонио, Тексас, го заврши курсот за Менаџирање на обуката по англиски јазик, Шривенам, Обединето Кралство, работна посета на Кралска Одбранбена Академија, Подгорица, Црна Гора, работеше на изработка на прирачник за курс за Воена Радио Комуникација, Кадугли, Судан, инструктор по англиски јазик на припадниците на ВС на Судан, Неменчине, Литванија, обучувач на меѓународен курс за обука на припадници од армиите и полицијата, Белград, Србија, презентира на меѓународна конференција на професори по англиски јазик и преведувачи, Мапуто, Мозамбик, инструктор на припадници на ВС на Мозамбик за предавање воена терминологија, Бишкек, Киргистан, работи како обучувач на меѓународен курс за предавање терминологија за специфични потреби, Харогејт, Велика Британија, презентер на 40-та меѓународна конференција за професори по англиски јазик, Тирана Албанија, обучувач на меѓународна летна школа за професори по англиски јазик, Софија, Бугарија, меѓународна работна група за пишување материјали за часови по англиски јазик во врска со човековите права, Алмати, Казакстан, обучувач на летна меѓународна школа за професори по англиски јазик и други курсеви од областа во земјата и странство.
Претходни должности:
- Началник на ЦСЈ 2014;
- Главен инструктор во ЦСЈ 2012-2014;
- Професор по англиски јазик во ЦСЈ 2008-2012;
- Професор по англиски јазик, менаџер асистент на проект (Peacekeeping English Project) 2000-2008;
- Професор по англиски јазик, надворешен соработник на ВА, Скопје 1997-2000.
Ордени и обележја:
- 2014, Сребрена значка доделена од НГШ;
- 2012, Пет дена наградно отсуство од НГШ;
- Дипломи, награди и пофалници за учество на меѓународни конференции, работилници, летни школи и семинари.
Публикации, статии, прирачници:
- 2016, прирачник за курс за Воена Радио Комуникација на англиски јазик,
- 2014, прирачник, втор дел за користење на електронски извори во подобрување на наставата за професори по англиски јазик вработени во државни основни училишта.
- 2013, прирачник, прв дел за користење на електронски извори во подобрување на наставата за професори по англиски јазик вработени во државни основни училишта;
- 2007, прирачник со материјали за професори по англиски јазик за човековите права;
- 2006, статија во весникот „Peacekeeping English Project Newsletter“ под наслов „Моите впечатоци од Африка“.
Странски јазици:
- Англиски.