
Мисија:
Подготовка и реализација на курсеви по странски јазици за потребите на припадниците на Министерството за Одбрана и Армијата.
Задачи:
- Изработка на Планови и Програми за организација на курсеви по странски јазици;
- Реализација на курсеви по странски јазици за потребите на Министерството за Одбрана и Армијата;
- Спроведување на тестирања за потребите на Министерството за Одбрана и Армијата и Армијата;
- Развивање и реализација на курсеви за посебни намени;
- Планирање и организирање на семинари за унапредување на знаењата на професорите и инструкторите.
Наташа Андонова – Јовановска
Наташа Андонова-Јовановска е родена во 1972 година во Велес каде што завршува основно и средно образование. По дипломирањето, во 1994 година, на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на катедрата по англиски јазик ја започнува својата кариера во Велес работејќи во тогашниот Пионерски дом „Ѓоре Органџиев“ и продолжува во Основното училиште „Васил Главинов“ како професор по англиски јазик. Во 2002 година почна да работи во Скопје, на „Проектот за изучување на англиски јазик за мировни операции“ (PEP) при Британската амбасада како професор по англиски јазик. Во 2008 година, таа ја продолжи својата кариера во Центарот за странски јазици во составот на Командата за обука и доктрини (КОД) во Армијата на Република Северна Македонија, прво како професор по англиски јазик, а потоа како Главен инструктор за настава.
Своето универзитетско образование го надогради со едногодишна обука за „Обучувач на професори – АРКА“ во организација на Британски Совет во Загреб, Хрватска во 2006-2007 година и Магистерски студии за применета лингвистика на приватниот универзитет Фон во Скопје во 2016 година.
Во нејзиното долгогодишно работно искуство посети многубројни семинари, курсеви и конференции во земјата и странство како учесник и предавач. Дополнително, во 2007 година, таа беше обучувач на Проектот за новоквалификувани професори по англиски јазик во Кавадарци, во организација на Бирото за развој на образованието (БРО) на Република Северна Македонија.
Наташа е национален преставник за стандардизација на воена терминологија за Армијата веќе 6 години. Од 2016 година, таа е предавач на Курсот за јазични стандарди и оценување во Бирото за јазична координација (BILC) во Центарот – „Џорџ Маршал“ во Гармиш – Партенкирхен, Германија. Во 2025 година стана дел од тимот предавачи на Програмата за подобрување на образованието во НАТО за Ерменија (NATO-DEEP-Armenia).
Во текот на својата кариера повеќепати е наградувана со пофалници и наградно отсуство, вклучувајќи бронзена значка за долгогодишна работа во Армијата во 2021 година.
Таа е мажена и има две деца.







