На 10 јули 2015 година во Командата за обука и доктрини (КОД) успешно е реализирана крводарителна акција при што се собрани 79 единици на крв. Со акцијата, како и со многуте други организирани во изминатиот период во АРМ, се продолжува соработката со Црвениот крст на Република Македонија.
Припадниците на КОД од касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ од Велес ја покажаа на дело својата хуманост и човечност со своето масовно учество во оваа акција за дарување на крв. Покрај вработените во КОД, во акцијата учествуваа и новодојдените војници на доброволно служење на воен рок.