Денес, 25 Јули 2014 година во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, во организација на Командата на гарнизон Велес и Противпожарната единица на Општина Велес се реализира воено – стручна обука на тема „Самозаштита и колективна заштита од пожар, начините на вклучување во гасење на пожар, начинот на користење на опремата и средствата за гасење на пожар, како и гасење на пожар во објекти, отворен простор и пошумено земјиште и извлекување на опожарени лица“.
На обуката учествуваа командата, вработени и војници на доброволно служење на воениот рок во гарнизон Велес, како и припадници од противпожарната единица на Општина Велес.
Обука е реализирана согласно со укажаната потреба и временските услови, а истата овозможи повторување на стекнатите знаења и усвојување на нови техники на вработените и војниците на доброволно служење на воениот рок, координација на единиците на АРМ со противпожарната единица од Општина Велес и користењето на опрема и средства за ППЗ.
Со реализираната обука е постигната посакуваната цел, а таа е „сите учесници на обуката да се обучат да реагираат на настанат пожар во воените објекти на АРМ и на места на кои ќе се затекнат независно дали се тоа населени места, објекти, планини и шуми, одморалишта или превозни средства“.
Припадниците на АРМ уште еднаш ја докажаа својата подготвеноста и пожртвуваност при реакција на настанат пожар.