Припадниците на Командата за обука и доктрини (КОД) со потчинетите команди и единици го одбележаа денешниот ден 5 јуни – Светски ден за заштита на животната средина со акции за чистење и уредување на касарните.
Уредувањето на разните локации беше реализирано во сите касарни на единиците на КОД во внатрешниот круг на касарните како и надворешниот дел долж оградите на касарните. Најмасовна акција се изведе во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес, каде сите припадници на КОД кои работат во истата активно учествуваа во средувањето на касарната.
Со вклучување во одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина, припадниците од КОД и оваа година дадоа свој придонес во уредувањето на животната средина на локациите во касарните. Придонесот беше директен и индиректен; директно се собра поголема количина на пластичен тешко распадлив отпад кој долго време би ја загадувал животната средина, но и индиректно, со оваа акција припадниците на КОД помогнаа да се промени свеста на локалното население за одговорноста за заштита на животната средина.
Со оваа акција припадниците на КОД покажаа високо ниво на свесност и одговорност за потребата за заштита на животната средина во која живеат и работат, и дека секогаш се подготвени активно да учествуваат во зачувувањето на животната средина како на своето работно место, така и во општеството како совесни и свесни граѓани.