Во Командата за обука и доктрини во Центарот за обука на питомци и офицери во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, денеска, се реализираше посета од страна на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани за Република Северна Македонија, со цел продлабочување на соработката во организација, подготовка и реализација на обуката со питомците и кандидатите за офицери во Армијата.
За време на посетата, пред присутните беа презентирани мисијата, задачите, историјата и сместувачките капацитети на единицата.