Денес 20 март припадниците на Командата за обука и доктрини (КОД) со потчинетите команди и единици традиционално активно се вклучија во еколошката акција по повод одбележувањето на „Денот на пролетта“.
Во сите касарни на единиците на КОД се реализира организирано чистење и уредување на касарнските кругови. Најмасовна акција се изведе во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес каде што учествуваа сите старешини и војниците на доброволно служење на воениот рок. Војниците покрај уредувањето на внатрешниот круг на касарната го уредија и надворешниот дел долж оградата на касарната.
Вработените од командата на КОД исто така дадоа свој придонес во акцијата со уредување на кругот на командата.
Со вклучување во оваа акција припадниците од КОД и оваа година дадоа придонес во разубавувањето на животната средина на локациите на касарните и покажаа дека секогаш се подготвени да дадат свој придонес за зачувување на животната средина а воедно и квалитетот на нашето живеење.