Денес, на 30.09.2016 година, во Центарот за индивидуална обука (ЦИО), во Командата за обука и доктрини (КОД) се реализираше свечен завршеток на Методички курс за обука на подофицери (МКОПОФ) 2-16. Курсот успешно го завршија вкупно 22 слушатели-подофицери од скоро сите единици на АРМ.
Преку процесот на обука на курсот, слушателите ги усовршија формите, облиците и начинот на изведување на обука, како и користење и одржување на наставните средства за обука со кои располага секоја единица.
На свеченоста, Командант на ЦИО, потполковник Газменд Абдиу на слушателите на курсот им врачи сертификати за успешно завршен курс и им порача, знаењето кое го стекнаа и искуствата кои ги разменија за време на реализација на курсот да го пренесат во единиците од каде доаѓаат.