Денес, на 31.05.2016 година, во Центарот за индивидуална обука (ЦИО), во Командата за обука и доктрини (КОД) се реализираше свечен завршеток на Напреден курс за подофицери (НКПОФ). Курсот започна на 11.04.2016 година со вкупно 25 слушатели подофицери од сите единици на АРМ.
На, пригодно обраќање имаше Заменикот командант на ЦИО, мајор Сашко Кузманов и главниот подофицер на Здружената оперативна команда, воедно и вршител на должноста главен подофицер на АРМ, главен наредник Љупчо Стојков. За време на нивните обраќања тие на присутните им честитаа за успешно завршениот курс, ја истакнаа нивната посветеност за време на наставата и порачаа, знаењето кое го стекнаа за време на курсот да го пренесат во единиците од каде доаѓаат.
Низ процесот на обука на курсот слушателите имаа можност да се запознаат и оспособат за изведување на борбени задачи со одделение – вод почитувајќи ги стандардните процедури што се од суштинско значење за успешно извршување на мисијата, се запознаа со системот за управување со процесот на обуката, со лидерството како основен елемент на борбената моќ на Армијата и воедно развија вештини на комуникација и презентирање. Исто така, за време на курсот слушателите имаа можност да стекнат основни познавања од областа на меѓународното хуманитарно право, структурата на НАТО и мировните операции, концептот за професионален развој на подофицерите како и материјалната одговорност.
По завршување на обуката, на слушателите на курсот им беа врачени сертификати за успешно завршен курс.