Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес во Командата за обука и доктрини во Центарот за индивидуална обука, главниот подофицер на Армијата реализираше состанок со главните подофицери на првопотчинетите единици и команди. Состанокот се реализираше согласно превентивните мерки за заштита од ширење на COVID-19.
На состанокот се презентираше Предлог-програмата за Курсот за постари подофицери, кој е нов во системот за професионална едукација на подофицерскиот кор, како и изработка на Предлог-правилникот за еквиваленција на курсевите во странство и во земјава.
Со ова Командата за обука и доктрини уште еднаш ја покажа својата иницијатива во однос на подобрувањето на едукацијата на професионалните војници и подофицери, која во чекор ги следи сите промени кои се случуваат во едукативниот процес во НАТО земјите.
Главните подофицери и во иднина ќе продолжат со иницијативи во подобрување на подофицерскиот кор во Армијата.