Новопримените професионални војници од последниот конкурс, со преземање на сите потребни превентивни мерки за заштита од „COVID -19“ дадоа заклетва на денешната свеченост која се одржа во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ Велес.
Во наредниот период новопримените професионални војници ќе се соочат со совладување на предвидените содржини на основната борбена обука како и основната стручно специјалистичка обука кои ќе се реализираат во Центарот за индивидуална обука.
На свеченоста присуствуваше командантот на Командата за обука и доктрини. бригаден генерал Методи Хаџи Јанев и началникот на штаб од Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
Во своето обраќање командантот на Центарот за индивидуална обука, потполковник Виктор Еркиќ истакна дека главниот предизвик во наредниот период ќе биде совладување на предвидената обука и дека со нив ќе работат искусни старешини кои максимално ќе се заложат за да им ги пренесат своите знаења и им посочи дека целокупниот труд, успех и ангажирање ќе биде следен и вреднуван.