На ден 13.06.2014 година во просториите на Центарот за странски јазици (ЦСЈ), во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа Тромесечен брифинг за обуката (ТБО) и Тромесечно реферирање за состојбата на поддршката на Командата за обука и доктрини (КОД) во изградбата на борбената готовност на АРМ, за второто тромесечје на 2014 година.
Пред командантот на Команда за обука и доктрини полковник Љупчо Костовски во присуство на целокупниот штаб од командата, од страна на командантите на потчинетите единици и началникот на ЦСЈ се презентираа состојбите во единиците, степенот на борбената готовност, состојбата со персонал, одржувањето на материјално-техничките средства, опремата и состојбата со вооружувањето.
Од страна на командантот на КОД беа дадени насоки со приоритети за реализација на активностите во сите единици на КОД за третото тромесечје.