На ден 03.04.2014 година во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес пред командантот на Команда за обука и доктрини полковник Љупчо Костовски, во присуство на целокупниот штаб од командата, командантите на потчинетите единици и началникот на Центарот за странски јазици (ЦСЈ) се одржа Тромесечен брифинг за обуката (ТБО) и Тромесечно реферирање за состојбата на поддршката на КОД во изградбата на борбената готовност на АРМ, за првото тромесечје на 2014 година.
Од страна на командантите на потчинетите единици и началникот на ЦСЈ се презентираа состојбите во единиците со акцент на одржувањето на материјално-техничките средства, опремата и приоритетите за второто тромесечје.
Како дел од ТБО беше изведена методско-показна вежба пред присутните на тема: „Користење на повеќенаменскиот интегриран ласерски систем за симулација“ (MILES).
Повеќенаменскиот интегриран ласерски систем за симулација е систем кој работи врз основа на ласери кои симулираат ефекти на жив оган од мало оружје на полигонот за вежбање. Тоа му дава на корисникот реална слика и чувство при користење на оружјето во вежба во која има две страни. Во исто време, се овозможува преглед за ефективноста на сопствената позиција, вештините и користење на засолништа за време на обуката.