На 1 и 2 март 2017 година, во Белград, Р. Србија се одржа втората конференција на „PELT“ Програмата во организација на Министерството за одбрана на Република Србија и Британскиот совет.
Делегацијата од Армијата на Република Македонија на конференцијата беше предводена од Заменикот командант на Командата за обука и доктрини, полковник Ивица Ампов и Началникот на Центарот за странски јазици, г-ѓа Снежана Стојановска. Покрај претставници од министерството за одбрана и армијата на Р. Србија и Р. Македонија на конференција учествуваат дипломатски и воени претставници од земјите донатори на PELT Програмата (Велика Британија, Данска, Норвешка, Холандија и САД), како и претставници од министерствата за одбрана и армиите на Црна Гора и Босна и Херцеговина. Присутните делегации на конференцијата разговараа за воспоставување соработка, како и за размена на искуства и материјали за обуката по англиски јазик.