
Мисија:
Да ги подготви конвенционалните копнени и воздухопловни сили на Армијата за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на Републиката, со декларираните сили да учествува во операции за поддршка на мирот и превенција од конфликти и справување со регионални конфликти и кризи во операции предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ, и други меѓународно договорени сојузи и да придонесува во заштита на пошироките интереси на Републиката.
Задачи:
- Подготовка на конвенционалните копнени и воздухопловни сили;
- Изведување на операции и давање на воена поддршка како земја домаќин на меѓународни сили на територијата на Републиката;
- Поддршка на силите на МВР во справување со закани, ризици и опасности по безбедноста на Републиката;
- Поддршка на органите на државната власт и единиците на локалната самоуправа;
- Подготовка на декларираните сили;
- Достигнување на целосна интероперабилност и интероперативност со НАТО;
- Планирање и изведување на обука според стандардите на НАТО;
- Асистенција на сигурноста на цивилните структури во однос на асистенција во случај на природни катастрофи и во зачувување на виталната инфраструктура како земјотреси, пожари, поплави и останати кризни ситуации како на пример:
– Снабдување со храна на населението во планинските изолирани региони во зимскиот период;
– Изведување на инженериски работи во регулирање на речните корита;
– Пошумување итн.
Бригаден генерал Мирче Ѓоргоски
Дата и место на раѓање:
07.11.1966, Охрид, Република Македонија.
Образование:
- 1981, Основно училиште, Охрид;
- 1985, Воена гимназија, Белград;
- 1989, Воена академија на КоВ, Белград;
- 1999, Курс по германски јазик, Центар за странски јазици на Германскиот Бундесвер, Хирт, СР Германија;
- 2000, Курс за офицер за огнена поддршка – Артилериско училиште на Германскиот Бундесвер, Идар – Оберштајн, СР Германија;
- 2000, Курс за командант на артилериски баталјон – Артилериско училиште на Германскиот Бундесвер, Идар – Оберштајн, СР Германија;
- 2001, Курс за лидери на 21. век, „Џорџ Маршал“ Европски центар за безбедносни студии на САД – Гармиш П. Кирхен, СР Германија;
- 2001, Курс за офицер за односи со јавноста – Шпиз, Швајцарска конфедерација;
- 2002, Курс за цивилно-воени односи во мировни операции – Персонов Центар за поддршка на мирот – Нова Шкотска, Канада;
- 2004, НАТО ориентационен курс за штабни офицери, НАТО училиште, Оберамергау, СР Германија;
- 2005, ПДС-КШШ Воена Академија „Михаило Апостолски“, Скопје;
- 2006, „CJTF“ Курс, во организација на НАТО Мобилниот тренинг тим (МТТ) од Неапол во Скопје;
- 2010, Курс, „Стратегиска комуникација“ во ПзМ Центарот во Анкара, Република Турција;
- 2011, Курс „Тероризам и медиуми“ во НАТО Центарот за совршенство во Анкара, Република Турција;
- 2013, НАТО Одбранбен Колеџ (NDC), Рим, Република Италија;
- 2018, Програма за високо раководство во процесот на донесување на одлуки во одбраната, Морнаричка школа за постдипломски студии, Монтереј, САД.
Учество на позначајни семинари и вежби:
- 2001, Семинар за односи со јавноста во организација на НАТО (SHAPE) Букурешт, Романија;
- 2002, Семинар за воен протокол во организација на Американскиот контакт тим во Македонија, Скопје;
- 2003, Завршна вежба „Седум ѕвезди-2002“ Пловдив, Бугарија;
- 2006, Семинар за образование и обука на офицерите во RACVIAC центарот во Загреб, Р. Хрватска;
- 2006, Семинар „Однос помеѓу медиумите и безбедносниот сектор“ во RACVIAC центарот во Загреб, Р. Хрватска;
- 2007-2009, Учество на вежба „Македонски Блесок“;
- 2008, Семинар за односи со јавноста „Open up“ во Сплит, Република Хрватска;
- 2009, Учество на вежба на НАТО „Steadfast Joist“ во JFC Неапол;
- 2009, Учество на семинар за односи со јавноста во МО на Кралството Данска;
- 2017, Годишен семинар на високи офицери – Женевски центар за безбедносна политика, Швајцарија;
- 2018, Програма за стратешко лидерство, Академија за одбрана на Обединетото Кралство.
Воена кариера:
- Командир на вод;
- Командир на хаубичка артилериска батерија 105 мм;
- Командир на минофрлачка батерија 120 мм;
- Командир на Вод за обезбедување на Претседателот на Република Македонија;
- Заменик на командант на хаубички артилериски баталјон 105 мм;
- Офицер за протокол во кабинетот на Директорот на ГШ на АРМ;
- Командант на питомечки баталјон во Воената Академија;
- Офицер за планови во Одделението за планирање и интеграција на силите во Г3 на ГШ на АРМ;
- Началник на Канцеларија за односи со јавноста и портпарол на ГШ на АРМ;
- Аѓутант на Врховниот командант, 2015;
- Командант на 1.механизирана пешадиска бригада, 2016;
- Началник на Штаб во ЗОК.
- Командант на Команда за операции
Унапредувања:
- Потпоручник (1989)
- Поручник (1990)
- Капетан (1993)
- Капетан I класа (1997)
- Мајор (2002)
- Потполковник (2006)
- Полковник (2010)
- Бригаден генерал (2015)
Постигнати успеси во кариерата:
- Парична награда од командант на Корпус (во поранешната ЈНА);
- Пофалба од командант на бригада (во поранешната ЈНА);
- Пофалба од командант на бригада (во АРМ за најдобра единица во гарнизон Охрид);
- Наградно отсуство од командант на Корпус;
- Пофалба од Министер за одбрана;
- Наградно отсуство од НГШ на АРМ;
- Златна значка на АРМ;
- Сребрена значка за долгогодишна служба од МО;
- Сребрена значка за партнерство, координација и соработка, 2019;
- Златна значка за партнерство, координација и соработка, 2020;
- Златна значка на Армијата, 2021;
- Сребрена значка на Армијата, 2022;
- Златна значка на Армијата за долгогодишна служба, 2022;
- Значка „Генерал Михаило Апостолски“, 2022;
- Наградно отсуство од МО – 5 дена, 2022;
- Наградно отсуство од КО – 5 дена, 2022;
- Голема плакета на Армијата, 2024;
- Средна плакета на Армијата, 2025.
Странски јазици:
- Англиски;
- Германски.
Брачна состојба:
Оженет и татко на 2 деца.
Контакт:
тел.: + 389 31 474-013
факс: + 389 31 474-044
E-mail:


Главен наредник Сашо Кировски
Главен наредник Сашо Кировски е роден 1978 година во Штип. Основното образование го завршува во Злетово, а средното образование го завршува во Пробиштип. Првите чекори во Армијата ги прави во 1997 година како редовен војник а 1998 продолжува како војник под договор. Првиот подофицерски чин го добива во 2000 година по завршување на Основен курс за подофицери.
Воената кариера ја започнува како командир на одделение во Штип, 2 пешадиски баталјон. Во текот на воената кариера има извршувано командни и штабни должности: Командир на одделение/вод, во пешадиска чета, Инструктор за општа воена обука, Главен инструктор за основна обука на подофицери, Инструктор за напредна обука на подофицери, Командир на инструкторска група за напредна обука на подофицери, Прв подофицер во чета за обука на војници на доброволно служење на воен рок во Центар за индивидуална обука, Подофицер за обука и вежби во Команда за обука и доктрини и Главен подофицер на Командата за обука и доктрини. Стручно усовршување и оспособување го продолжува со завршување на повеќе курсеви во земјата и странство. Меѓу позначајните се курсевите за вршење на должноста инструктор кои ги завршил во Швајцарија, Чешка и Германија. Во 2017 завршува Курс за главни подофицери во Загреб, Хрватска. Во текот на 2024 и првата половина од 2025 година завршува Подофицерска Академија за главен наредник во Ел Пасо, Тексас, САД по што е поставен на должност Главен подофицер на Командата за операции. Дополнително има учествувано на повеќе конференции и семинари, како и на неколку воени вежби.
Во текот на својата кариера повеќе пати е наградуван, меѓу кои Парична награда, и Средна плакета на Армијата. Одлично зборува англиски, руски и српски јазик. Оженет е и татко на едно дете.
Потполковник Часлав Стојмановски
Потполковник Часлав Стојмановски е роден во 1977 година во Куманово. По завршување на средното техничко училиште во Куманово продолжува со воено образование на Воената академија, „Михајло Апостолски“ во Скопје. Воената кариера ја започнува како Командир на вод во Куманово. Во досегашната кариера извршува повеќе командирски и штабни должности на ниво баталјон, бригада, оперативна команда, генералштаб, а од 2019 година е поставен за Офицер за односи со јавноста во Здружената оперативна команда. Има завршено повеќе курсеви од областа односи со јавноста, комуникациски вештини и работа со медиуми, CIMIC, НАТО курсеви, курсеви за изучување на странски јазици и курс за падобранци. Учествувал на повеќе вежби во земјата и странство и тоа: вежбите „Македонски Блесок 5, 6, 7 и 9“, „Trident Juncture 2015“ во Шпанија, и „Maple Arch 2019“ во Украина а во текот на 2010 година учествува во една ротација во мировната операција „ИСАФ“ во ИР Авганистан како Заменик на командант на контингентот. Повеќе пати е наградуван и пофалуван, меѓу кои позначајни се: 8 дена наградно отсуство од Министерот за одбрана во 2011 година, пофалници од командантот на ЗОК во 2008, 2015 и 2016 година и сребрена значка на Армијата за партнерство, координација и соработка во 2019 година. Активно го користи англискиот јазик. Брачна состојба е оженет, татко на две деца,
Претходни должности:
- Командир на вод 2000-2005;
- Командир на штабен вод, ЗОК 2005-2008;
- Командир на вод 2008-2010;
- Заменик командант во контингент ИСАФ Авганистан 2010-2011;
- Командир на командна чета 2011-2012;
- Офицер за планирање и извршител за електронски медиуми 2012;
- Офицер за односи со јавноста во 1.мпбр 2012-2015;
- Офицер за меѓуармиска соработка во ЗОК, 2015-2019;
- Офицер за односи со јавноста во ЗОК, 2019.
Унапредувања:
- потпоручник 2000;
- поручник 2001;
- капетан 2008;
- мајор 2014;
- потполковник 2018.

Како Команда од оперативно рамниште, егзистира од почетокот на формирањето на АРМ на 01.04.1992 година како Армиски Корпус.
2024 година
- Во текот на 2024 година посебно внимание е посветено на планирањето и изведувањето на предупатната обука за подготовка на персоналот за упатување во мировните операции: „АЛТЕА“ во БиХ, „УНИФИЛ“ во Либан, „КФОР“ во Република Косово, НАТО мировната операција во Република Латвија и „FLF“ во Република Бугарија и Република Романија.
- Учество на 419 припадници од составот на Армијата на вежбата „Maple Arch 24“, која се реализираше во периодот од 25.11. до 06.12.2024 година во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ Велес, АП „Криволак“ и расположливите капацитети на Армијата;
- Учество на 60 припадници од составот на КО со ПЕ на вежбата „Resolute Castle 24“, која се реализираше во периодот од 12.04. до 30.06.2024 година на АП „Криволак“ заедно со припадници од ВС на САД;
- Учество на 50 припадници од составот на КО со ПЕ на вежбата „Swift Response 24“, која се реализираше во периодот од 24.04. до 21.05.2024 година на АП „Криволак“ заедно со припадници од ВС на САД;
- Фокусот на обуката во 2024 година беше обука и развој на извидувачко- разузнавачки капацитети и целите на способност (пред сè ЛПБГ) преку билатералните активности (HUMINT и планирачки разузнавачки процедури) со ВС на САД и Обединетото Кралство, како и учество на меѓународни вежби.
2023 година
- Успешното учество во операциите: НАТО мировната операција на „КФОР“ во Република Косово, НАТО мировната операција за зајакнато истурено присуство (enhanced Forward Presence – eFP) во Република Латвија, НАТО мировната операција „enhanced Vigilance Activity – eVA“ во Република Романија и во мировната операција „НАТО мисија за ИРАК“ во ИРАК претставуваше уште еден позитивен фактор со кој се рефлектираше високото рамниште на оперативната способност на КО.
- Од 15.06.2023 година дел од командите/штабовите и единиците на Армијата беа ангажирани во поддршка на полицијата со извршување на задачи на позиции за надворешно стражарско (физичко) обезбедување на Казнено-поправната установа Казнено-поправниот дом „Идризово“ (КПУ КПД „Идризово“) на територијата на Општина Гази Баба.
- Во 2023 година во периодот од 22.05. до 02.06.2023 година се реализираше вежбата ,,Defender Europe 23“ на АП „Криволак“ заедно со припадници од ВС на САД на која земаа учество 443 припадници од составот на КО со ПЕ.
- Во текот на 2023 година, како резултат на настанатите организациско- формациски промени во Армијата, настанаа промени во структурата на сили на Командата за операции. Почнувајќи од 01.01.2023 година единицата КРС која беше под КО премина под Командата за обука и доктрини. Инженерискиот баталјон кој беше под КО, почнувајќи од 03.05.2023 година премина во состав на 1.пбр. Единицата чАБХО почнувајќи од 01.07.2023 година премина под КО. Почнувајќи од 01.10.2023 година во состав на КО премина Извидувачко- разузнавачкиот баталјон.
2022 година
- Во текот на 2022 година, единици и персонал на Армијата под оперативна команда на КО учествуваа во мировни операции предводени од НАТО: мировната операција на „КФОР“ во Република Косово, мировната операција за Зајакнато истурено присуство (Еnhanced Forward Presence-eFP) во Република Латвија и мировната операција „Еnhanced Vigilance Activity – eVA“ во Република Романија.
- Во текот на 2022 година се реализирани следните вежби: вежбата ,,Блесок 22“ во период од 03.04. до 11.04.2022 година (учество на 1079 лица од Армијата од кои 983 лица од КО) и вежбата „Swift Response“ во период од 17.05. до 02.06.2022 година (учество на 269 лица од КО од кои 18 лица во команда на вежбата, ОПФОР 207 лица и 44 лица за обезбедување.
2021 година
- За командант на Командата за операции поставен е бригаден генерал Бесник Емини.
- Во период од 17.05. до 02.06.2021 година се реализираше најголемата вежба за 2020 година, „ОДЛУЧЕН УДАР 21“ на која учествуваа 1100 лица од Армијата, 300 лица од САД, 13 лица од Република Грција и 17 лица од Република Бугарија.
2020 година
- Во 2020 година, согласно мирновремената формација на Командата на КО извршено е поставување на активниот воен и цивилен персонал во командата на КО.
- Тежиште во извршувањето на задачите беше дадено на обуката на персоналот од Лесниот пешадиски баталјон, асистенција на Министерството за внатрешни работи (МВР) во справување со мигрантската криза во реонот на Гевгелија и Куманово, асистенција на Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи при справување со „COVID-19“.
- Во текот на 2020 година, единица и персонал на Армијата под оперативна команда на КО во поддршка на мирот во странство учествуваа во мировните операции „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан, „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, „УНИФИЛ“ во Либан, „КФОР“ во Република Косово и „ЕУТМ ЦАР“ во Централноафриканската Република.
2019 година
- Во текот на 2019 година добиена е наредба за изработка на предлог-формации според новата усвоена структура на Армијата, според која Здружената оперативна команда се трансформира во Команда за операции (КО). Бригадата за логистичка поддршка, којa беше под КО, се трансформира во Логистичка база (ЛБ) и од 01.10.2019 година потчинета е на ГШ на Армијата.
- За командант на Командата за операции поставен е генерал-мајор Павле Арсоски, за заменик-командант на КО, бригаден генерал Орце Јордев и за началник на штаб во КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
- На 05.03.2019 година за Заменик на командантот на ЗОК е поставен бригаден генерал Орце Јордев, а за Началник на штаб е поставен полковник Бесник Емини.
2018 година
- На 01.01.2018 година, Претседателот на Р. Македонија, д-р Ѓорге Иванов ги посетија припадниците на АРМ во касарната „Чојлија“;
- Реализирани вежбите „Македонски Блесок 14“ и „Предизвик 2018“;
- На ден 31.01.2018 година, касарната „Боро Менков“ во Куманово ја посети министерката за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска;
- На ден 17.05.2018 година за Началник на штаб во ЗОК е поставен бригаден генерал Орце Јордев;
- На ден 22.05.2018 година за Командант на ЗОК е поставен бригаден генерал Павле Арсоски.
2017 година
- Реализација на вежбите „Македонски Блесок 13“, „Здружена реакција 17“, „Dragoon Guardian 17“ и „Предизвик 17“.
2016 година
- Реализација на вежбата „Македонски Блесок 12“;
- На 1–ви декември на должност Командант на ЗОК е поставен бригаден генерал Зоран Милески.
2015 година
- Реализација на вежбата „Македонски блесок 11“;
- На 18-ти август за командант на ЗОК е поставен бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, а за заменик на командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски. За началник на штаб наместо бригаден генерал Стојан Димчов е поставен бригаден генерал Азим Нуредин;
- На 01.01.2015 година стапи на сила новата операција во ИР Авганистан под името „Одлучна поддршка“ и притоа дел од опремата (ОТ „Хермелин“) се вратени во Р. Македонија;
- На 20.08.2015 година со појавата на бегалската криза ЗОК даде поддршка на МВР со ангажирање на сили и средства од својот состав во делот на јужната граница на Р. Македонија со Р. Грција во поширокиот реон на Гевгелија.
2014 година
- Согласно одлуката за определување на денови на единиците на АРМ донесена од Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, со воена свеченост се одбележа 11-ти Октомври – Ден на ЗОК, како носител на традициите на формирањето на штабот на Кресненското востание;
- Оценување на борбената готовност на командата, штабот и штабен вод на ЗОК;
- Реализација на вежбата „Македонски блесок 10“ и НАТО оценување НИВО-2 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и Лесната маневарска болница (ЛМБ);
- Учество на четата ОКСЕУБГ-2 на вежбата „Quick Lion“ во Кралството Белгија со оперативна готовност за употреба до 31.12.2014 година.
2013 година
- Реализација на вежбите „Македонски Блесок 09“, „Предизвик 2013“ и вежбата „Здружен отпор 2013“;
- Бригаден генерал Мухамед Рацај e поставен за Заменик на Командант на ЗОК, а за Началник на штаб е поставен бригаден генерал Стојан Димчов;
- На 1-ви јануари свечено е отворена касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп од страна на Претседателот на Р. Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
2012 година
- Март, бригаден генерал Методија Величковски е поставен за Командант на ЗОК;
- На АП „Криволак“ е реализирана МПВ на тема „Огнена поддршка на артилериски единици“;
- Реализирана вежбата „Cooperative Longbow/Lancer 2012“ и НАТО оценување НИВО-1 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ).
2011 година
- 04.2011 година, бригаден генерал Горанчо Котески e поставен за Командант на ЗОК;
- ЗОК се трансформира во нова организациско-формациска структура, согласно стандардите на НАТО организирана во секции од Ј-1 до Ј-9 и намален број на потчинети единици.
2010 година
- 01.2010 година, посета на Претседателот на Република Македонија и врховен Командант на вооружените сили на Република Македонија, Н.Е. г-дин Ѓорѓе Иванов, на командата на ЗОК.
2009 година
- Во текот на 2009 година една од позначајните активности беше планирањето и реализирањето на вежбата „Македонски Блесок 05“ при што е извршено самооценување НИВО-2, според Концептот за оперативни способности на декларираните единици од ЗОК.
2008 година
- Од 21.01.2008 година до 30.07.2008 за заменик на командантот на ЗОК поставен е бригаден генерал Насер Сејдини;
- 07.2008 година поставен е бригаден генерал Киро Галазовски.
2007 година
- 02.2007 година, во командата на ЗОК, за првпат по воспоставувањето на формациското место Главен подофицер во ЗОК, се започна со имплементација на Концептот за професионален развој на подофицерите во АРМ;
- Од 16. до 30.06.2007 година, НАТО НИВО-1 заедничка вежба „Македонски Блесок 2007“, вежбата е реализирана на АП „Криволак“ со припадниците на 1. мпбр и вооружените сили на Обединетото Кралство – Англија;
- Од 28.10. до 04.11.2007 година на АП „Криволак“, „Македонски Блесок-2“ НАТО, НИВО-1 помеѓу припадниците на вооружените сили на земјите членки на групата А-3-(Р. Македонија, Р. Хрватска и Р. Албанија), учество на инж. вод од 1. мпбр;
- Декември, за командант на ЗОК поставен е генерал-мајор Зоран Димов.
2006 година
- 03.2006 година, промовирана е Втората механизирана пешадиска бригада со трансформација на 2. пбр;
- 04.2006 година, промовиран е баталјонот за врски, кој според новата формација стана дел од ЗОК;
- 04.2006 година, на полигонот „Чојлија“ беше промовиран Оклопно-механизираниот баталјон Т-72, во составот на ЗОК;
- 04.2006 година, промовиран е артбн во Самооден хаубички артилериски баталјон 155 мм и истиот е дислоциран во гарнизонот Велес;
- На 07.09.2006 година, промовиран е Баталјонот на Воена полиција во касарната „Илинден” во Скопје, кој според новата формација стана дел од ЗОК;
- Од 10. до 23.09.2006 година, Заедничка вежба „Размена на мали воено полициски единици“, на АП „Криволак“, со единица на воена полиција на Националната гарда на Вермонт – САД.
2005 година
- 08.2005 година, промовирана е Здружена Оперативна Команда (ЗОК), дотогашната Командата на Копнената Војска се преструктуира во Здружена Оперативна Команда, во составот на ЗОК влегуваат ВИНГ и бПВО;
- Ноември, ЗОК e носител на мултинационалната вежба „Кооперативно здружување 05“, која се одржа во Скопје.
2004 година
- На местото заменик на командантот на ЗОК поставен е полковник Зоран Лековски.
2003 година
- 06.2003 година за командант на КоВ e поставен бригаден генерал Атанас Јовчевски;
- Јуни, започнување на мисијата во Ирак – „Слобода за Ирак“.
2002 година
- 05.2002 година се формира ККоВ на АРМ;
- Започнување на мисијата во Авганистан – ИСАФ со персонал од составот на ККоВ.
2000 година
- 10.2000 година се трансформира во Команда на 1.АК на АРМ.









