Во период од 16. до 19. септември 2014 година на регионалниот тренинг центар (РТЦ) Криволак се реализира стационарно логорување со извршување на програмски водни артилериски боеви гаѓања (АБГ) на единиците од артилерискиот баталјон од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).
На ден 17.09.2014 година (среда) беа реализирани АБГ со хаубици 105 мм, а на ден 18.09.2014 година гаѓање со ракетен вод повеќе цевни фрлачи на ракети 128 мм.
Во обиколка на единицата на ден 18.09.2014 година присуствуваше и командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски и претставник од ГШ на АРМ потполковник Сашо Исовски.
Сите гаѓања беа оценети како многу успешни и со одлични оценки, со што поставените цели беa во целост успешно реализирани.