На 10 мај 2018 година на армискиот полигон „Криволак“, припадниците на артилерискиот баталјон реализираа артилериско боево гаѓање со повеќецевен фрлач на ракети 128 мм (ПЦФР 128 мм).
Целта на изведувањето на боевото гаѓање е војниците и единиците да ја научат техниката за изведување на гаѓање и правилна примена на одредбите на Артилериското правило за гаѓање и Упатството за работа на огнена позиција на артилериските единици.
На гаѓањето присуствуваа заменикот на командантот на 1.мпбр, полковник Марјан Симоновски и питомците од четврта година од родот артилерија од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје.