На ден 06 октомври 2016 година, во посета на тенковскиот баталјон од 1.механизирана пешадиска бригада, Здружена Оперативна Команда, престојуваа одбранбените аташеи акредитирани во Република Македонија.
Посетата се реализира согласно Програмата за соработка на Министерството за одбрана на Република Македонија со Асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Македонија за 2016 година.
Од страна на заменикот на командантот и клучниот персонал на тенковскиот баталјон, присутните аташеи беа запознаени со мисијата, задачите, структурата, обуката, опременоста и престојните активности на баталјонот.
Во рамките на посетата беше организиран тактичко-технички збор на главната опрема од тенковскиот баталјон.