
Мисија на Баталјонот на Воена полиција:
Баталјонот на Воена полиција (бВП) е наменет за изведување на воено-полициски задачи на целата територија на Република Северна Македонија и НАТО водени операции, преку спроведување на широк спектар на воено-полициски функции, поддршка на МВР и останатите владини и невладини институции, како и извршување на активности поврзани со попречување, испитување и откривање на кривични дела во одбраната, согласно Законот за кривична постапка.
Листа на суштински задачи на бВП
- Поддршка на мобилноста на трупите:
- Извидување на правци и зони на движење;
- Контрола и регулирање на сообраќајот;
- Контрола на движењето;
- Сообраќајно обезбедување на конвои кои транзитираат низ државата и во НАТО предводени операции.
- Операции за обезбедување:
- Обезбедување на области и лица, физичка (техничка);
- Справување со толпа и нарушен јавен ред и мир;
- Обезбедување на конвои и транспорт на класи на снабдување низ државата и во НАТО предводени операции;
- Лична заштита;
- Сајбер-безбедност;
- Безбедност на информации.
- Постапки со заробеници и привремено задржан персонал:
- Планирање притвор;
- Активности за приведување и задржување;
- Привремено задржан персонал.
- Полициски задачи – Операции за спроведување на законот и редот:
- Спроведување на законот;
- Будност и спречување на пристап/затворање;
- Поддршка на истрагата;
- Увид на лице место и известување;
- Истрага за воени злосторства и прекршување на меѓународни закони;
- Криминалистичко разузнавање;
- Дополнителни воено-полициски способности – царина и употреба на службени воени кучиња.
- Операции за стабилизација:
- Реконструкција и стабилизација;
- Активности при операции за стабилизација.
Потполковник Тони Павлоски
Дата и место на раѓање:
15.08.1981, Скопје, Република Македонија
Образование:
1996 Основно образование „Јохан Хајнрих – Песталоци“- Скопје;
2000 Средно образование „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје;
2004 Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје;
2016 Курс за кариерен развој на капетани по маневар
(Maneuver Captain’s Career Course – MCCC), Форт Бенинг, Џорџија, САД;
2022 Курс за планирање на НАТО вежби, Оберамергау, СР Германија;
2025 Командно-штабен курс за офицери (Command and General Staff Officer Course – CGSOC), Форт Левенворт, Канзас, САД.
Учество во мисии и вежби:
Учесник во мисијата ISAF, Кабул, Авганистан 2007 год;
Учесник во меѓународни воени вежби:,,Joint Reaction 17’’, „Decisive Strike 19’’, ,,Decisive Strike 21“ и „Swift Response 22“.
Воена кариера:
Командир на вод 1. мпбн/2.мпбр, 2. мпбн/ 2.мпбр, бВП (2004-2017);
Командир на чета бВП (2017-2020);
Офицер за обука С-7/1.пбр (2020-2022);
Началник на С-3/5/7 во 2.пбн /1.пбр (2022-2023);
Офицер за регионална соработка / одделение за меѓународна воена соработка / ГШ на Армијата (2023-2024).
Командант на бВП (2025)
Унапредувања:
Потпоручник 2004-2006
Поручник 2006-2013
Капетан 2013-2018
Мајор 2018-2025
Потполковник 2025-
Позначајни постигнати успеси:
Златна значка на Армијата;
Сребрена значка на Армијата;
Парична награда од страна на НГШ;
Медал за пофалба од Националната гарда на Вермонт за исклучителен придонес за вежбата „Swift Response 22“;
Доделена Командантска монета ( Commanders coin) од страна на Командантот на вооружените сили на САД за Европа генерал Кристофер Каволи за успешна организација на состанокот на Началниците на Генералштабовите на Вооружените сили од земјите членки на А-5 (САД-Јадранска повелба) 2023 год.
Странски јазици:
Англиски јазик.
Брачна состојба:
Оженет.

Баталјонот на Воена полиција ги влече своите корени од богатото македонско историско минато, поточно со традициите од 29 октомври 1878 година, кога во текот на Македонското (Кресненско) востание била издадена наредба за формирање на воено-полициски начелства на ослободената територија на Македонија, кои всушност претставуваат први воено-полициски сили.
Поради историското значење на овој датум, 29 октомври единицата го одбележува како „Ден на единицата“.
Согласно уставот и повикот на Владата на Република Македонија за формирање на вооружени сили на Република Македонија, на 15 април 1992 година во касарната „Илинден “ Скопје беше формиран баталјонот на Воена полиција.
Баталјонот на Воена полиција активно учествуваше во мировни мисии во Ирак, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, ИР Авганистан, Република Романија и Република Косово, при што сите задачи ги реализираше професионално, одговорно и со изразено лидерство.
Генерално развојот на баталјонот на Воена полиција во Република Македонија се движеше на следниот начин:
- Подршка на силите на МВР во справување со мигранската криза од 2016 година до 2023 година.
- Во 2016 година, баталјонот на Воена полиција, од страна на претседателот на Република Македонија и врховен командант на АРМ, по повод Денот на АРМ, беше одликуван со Орден за воени заслуги.
- Баталјонот на Воена полиција од Министерство за одбрана во 2005 година, е распоредена во состав на Здружената oперативна команда (ЗОК).
- Во 2002 година, согласно Наредбата на Началникот на ГШ на АРМ од 17.04.2002 година, бВП се преструктуираше согласно насоките дадени од ГШ на АРМ, и стандардите на НАТО. Со тоа преструктуирање бВП влезе во составот на Специјалните единици, под команда на Командата на ЦОР и СЕ.
- Баталјонот на Воена полиција од самостојна едниница на АРМ, во 1995 година е распоредена во состав на Министерството за одбрана.
- Формирање на баталјонот на Воена полиција од 1992 година како самостојна единица на АРМ.
1992 година
- Врз основа на уставот и апелот на Владата на Република Македонија во врска со формирање на Вооружените сили на Република Македонија на 15 април 1992 година се формира баталјонот на Воена полиција во касарната „Илинден“ во Скопје.
- За Командант на бВП беше поставен мајор Зоран Лековски, а по извршените подготовки за прием на првата генерација војници, во време од 15 до 20 април 1992 година, пристигна првата генерација на војници која броеше 66 (шеесет и шест) војници.
1993 година
- Во текот на 1993 година баталјонот на Воена полиција логистички беше поддржана од 1. Гардиска бригада лоцирана во касарна „Илинден“ Скопје.
- Врз основа на наредбата од 04.03.1993 година, на Министерот за одбрана на Република Македонија, д-р Владо Поповски за одобрување на финансиски средства од акредитивот за набавка на средства кои беа неопходни за изведување на обука.
1996 година
- Во месец април 1996 година 2.чВП од бВП прерасна во Центар за обука на војници-воени полицајци за потребите на единиците на воена полиција во АРМ.
- Врз основа на директивата за БОиВ на ден 22.03.1996 година беше извршено повикување на дел од резервни воени обврзници распоредени во бВП (МО) на еднодневна обука.
1999 година
- Дел од единиците на бВП, од 24.03.1999 година се ангажирани за зајакнато обезбедување на државната граница во реонот на „Кодра Фура“
2001 година
- Во текот на 2001 година, беше реализирано целосно повикување на резервниот состав на бВП и ангажирање на единицата во извршување на борбени задачи.
- На 28.03.2001 година, во борбени дејствија во конфликтот трагично животот го губи командантот на Воена полиција капетан 1 класа Лупчо Мирчовски.
2002 година
- Усвојување на новата организациско-формациска поставеност, професионализација на единицата по модел на НАТО.
2005 година
- Во текот на 2005 година во бВП, согласно Стратегискиот одбранбен преглед, започнат е процесот на трансформација – преструктуирање на единицата, со што единицата влезе во составот на ЗОК.
- Во текот на 2005 година согласно Стратегискиот одбранбен преглед бВП доби декларирана единица на ниво на вод.
2007 година
- Во месец јуни на ЦО „Пепелиште“, извршено е самооценување на ниво 1, на вежбата „Македонски Блесок 1“.
- Во месец октомври на ЦО „Пепелиште“, извршено е НАТО оценување на ниво 1, на вежбата „Македонски Блесок 1“.
2008 година
- Во месец мај 2008 година извршено САМООЦЕНУВАЊЕ и НАТО оценување НИВО 1 на декларирана чета на вежбата „ Македонски Блесок 3“ и на вежбата „Македонски Блесок 4“. На припадниците од составот на 1чВП – декларирана чета на Воена полиција.
2009 година
- Во месец февруари 2009 година, единицата беше опремена со 14 борбени м/в Хамви М1151 А1/Б1.
2010 година
- Во периодот од 01.04.2010 година до 23.11.2010 година, припадници од бВП беа упатени на мисија „ФЕНИКС“ во И.Р. Авганистан како наменски сили вградени во единиците на Националната Гарда на Вермонт.
2010 година
- Во периодот од 01.04.2010 година до 23.11.2010 година, припадници од бВП беа упатени на мисија „ФЕНИКС“ во И.Р. Авганистан како наменски сили вградени во единиците на Националната Гарда на Вермонт.
2011 година
- Во месец септември 2011 година Декларираната чета е сертифицирана и оценета со „борбено потговена“.
- На Декларираната чета е доделен сертификат од одделот за OCC E&F од командата на НАТО во Мадрид.
- Деклариран вод од 2.чВП, кои влегува во составот на СПБГ во четата за борбена подршка и учествува на вежбата „Македонски Блесок 07“ на кој се реализира САМООЦЕНУВАЊЕ на НИВО-1.
2012 година
- Декларираниот вод од состав на 2.чВП кои влегува во составот на СПБГ во четата за борбена поддршка, во период од 18.05.2012 година до 29.05.2012 година учествуваше на вежбата „Cooperative Lomgbow/Lancer 07“.
2013 година
- На ден 12.09.2013 година во касарната „Илинден“ во Скопје се реализира свеченост по повод доделување на одликувања за припадниците на бВП кои учествуваа во мисијата „ФЕНИКС“ во ИСАФ во 2010 година. Вкупно 34 одликувања беа доделени од страна на генерал-мајор Стовен Креј, Командант на НГ на Вермонт, САД, на припадниците на бВП за покажаните високи резултати и успешното и професионално извршување на задачите за време на учеството на мисијата „ФЕНИКС“.
- Учество со еден вод на вежбата „Combat readiness“ во CP. Германија во период од 25.02.2013 година до 25.03.2013 година.
- Декларираниот вод од состав на 2.чВП кои влегува во составот на СПБГ во четата за борбена подршка, во период од 14.10.2013 година до 18.10.2013 година учествуваше на САМООЦЕНУВАЊЕ НИВО – 2.
- Учество на единиците на бВП на вежбата „Црноморски ротациски сили (Black Sea Rotation Force) од 26.04.2013 година до 02.05.2013 година.
- Учество на единиците на бВП на вежбата „Македонски Блесок – 9“ од 16.09.2013 година до 20.09.2013 година на КО „Пелелиште“ и АП „Криволак“.
2014 година
- Во периодот од 13.05.2014 година ди 23.05.2014 година припадници од составот бВП учествуваa на вежба во Р. Романија со контингентот планирани за патување во мировна мисија во Р. Авганистан.
2016 година
- Во 2016 година, баталјонот на Воена полиција, од страна на Претседателот на Република Македонија и врховен командант на АРМ, по повод Денот на АРМ, беше одликуван со Орден за воени заслуги.
- Во 2016 единицата е опремена со 1 (едно) борбено м/в „Кобра“.
- Во периодот од 02.02.2016 година до 05.02.2016 година, реализирано е учество на CPX „Steadfast Warrior“ во СР. Германија, во склоп на соработка на Армијата на САД.
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „Warrior Shock-16“ во периодот од 14.03.2016 годиа до 28.03.2016 година во базата графенбур и полигонот за обука „Хамелзберг“, СР. Германија.
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „PLATINUM WOFF-16“ во периодот од 08.05.2016 година до 20.05.2016. година во Ниш, Р Србија.
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „ANAKONDA-16“ во периодот од 01.06.2016 година до 19.06.2016 година во Челмон, Р. Полска.
- Припадниците на бВП во периодот од 07.08.2016 година до 22.08.2016 година беа ангажирани во справување со последиците предизвикани од елементарни непогоди кои го погодија реонот на Скопје.
2017 година
- Во периодот од 07.07.2017 година до 21.07.2017 година припадниците на бВП, земаа активно учество на меѓународната вежба „Saber Guardian-17“ која се реализираше во Р. Романија.
- Во 2017 година единицата е опремена со 1 (едно) лесен оклопен транспортер (ЛОТ), „КОБРА“.
- Во периодот од 25.09.2017 година до 29.09.2017 година припадниците на бВП, учествува на вежбата „Joint Reaction-17“ на АП Кроволак, во состав на интернационалната чета на воена полиција составена од припадници на ВС на САД, Албанија, Црна Гора и БиХ.
- Во периодот од 02.10.2017 година до 06.10.2017 година Декларираниот вод на бВП учествуваше на вежбата „Македонски Блесок-13“, како составен дел од чБП/СПБГ.
2018 година
- Декларираната чета на бВП (ДчВП) е реоценуван со НАТО НИВО 2 (НЕЛ 2) (CREVAL) во месец октомври во рамките на вежбата „Македонски Блесок-14“.
- Учество на припадниците на бВП на вежбата„Одлучен Удар-19“.
- Во периодот од 24.05.2018 до 16.06.2018 година припадниците од бВП зема активно учество на меѓународната НАТО вежба „Saber Strike-18“ во Р. Полска, како составен дел на 709от баталјон на Воена полиција од Армијата на САД.
2019 година
- Еден вод од декларираната чета на ВП учествуваше на меѓународна вежба „Beyond Horizon-19“ која се реализираше во периодот од 12.05.2019 година до 18.05.2019 година во Р. Бугарија.
2020 година
- Во периодот од 17.03.2020 година до 30.05.2020 година припадниците на бВП беа ангажирани на вонредна состоја за подршка на МВР за спречување со последиците од вирусот „COVID -19“.
2021-22 година
- Учество и поддршка на припадниците на бВП на вежбата „БЛЕСОК 22“.
- Учество и поддршка на припадниците на бВП на вежбата„SWIFT RESPONSE 22“ во период од 14.04.2022 година до 31.05.2022 година.
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „BЕУOND HORIZON 22“ во Ново Село, Р. Бугарија, која се реализирано од 17.10.2022 година до 28.10.2022 година.
2023 година
- Учество и поддршка на припадниците на бВП на вежбата „БРЗ ОДГОВОР 23“.
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „BЕУOND HORIZON 23“ во Ново Село, Р. Бугарија, која се реализираше од 09.05.2023 година до 16.05.2023 година.
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „Immediate Response – Defender Europe 23“ која се реализираше во Р. Хрватска во период од 20.05.2023 година до 06.06.2023 година
2024 година
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „BЕУOND HORIZON 24“ во Ново Село, Р. Бугарија, која се реализираше од 26.05.2024 година до 21.05.2024 година.
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „Platnium Wolf 24“ во Р. Србија, која се реализираше од 09.06.2024 година до 21.06.2024 година
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „ Close Protection Team – Training“ која се реализираше од 02.06.2024 година до 08.06.2024 година во Р. Грција.
2025 година
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „Летен Кампус 25“, во период од 14.06.2025 до 27.06.2025 година во АП „Криволак“.
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „Immediate Response 25“ во периодот од 24.05.2025 година до 09.06.2025 година во ОЦ „Пепелиште“ и АП „Криволак“.
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „SEVEN STARS 25“ во периодот од 02.04.2025 година до 11.04.2025 година во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес и на АП „Криволак“.
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „БЛЕСОК 26“ во периодот 03.11.2025 година до 07.11.2025 година во касарната„Јане Сандански“ – Штип.
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „BЕУOND HORIZON 25“ во Ново Село, Р. Бугарија, која се реализираше од 12.05.2024 година до 21.05.2024 година
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „Platnium Wolf 25“ во Р. Србија, која се реализирашо од 12.06.2024 година до 21.06.2024 година
- Учество на припадниците на бВП на вежбата „Training in Close Protection Team (СРТ)“, која се реализираше од 18.06.2024 година до 22.06.2024 година во Р. Грција.







