Припадниците на водот за специјални намени, сквадронот на транспортни хеликоптери и дел од командата на вбр, во период од 19-20.03.2019 година реализира обука согласно годишниот план за обука на единицата.
Како дел од обуката беше реализирана вежба „Борбена претрага, спасување и извлекување на повреден од непристапен терен“ која беше завршена успешно и со огромна професионалност.
Основната цел на обуката е оспособување на припадниците на вбр за изведување на борбени дејства во услови на непристапен терен, стекнување на самодоверба и сигурност при работа и усовршување на техниките за работа со ЛПГ- 150 дигалка и грозд на јаже. Исто така, цел на обуката е и оспособување за извршување на задачи за спасување и пронаоѓање на повредени лица во услови на непознат терен.
Ваков вид на обуки се особено значајни бидејќи во услови на елементарна непогода или идивидуални несреќи, обученоста на персоналот од вбр потребно е да биде на високо ниво и подготвен да одговори на поставените предизвици.
ГИ/ЧС