Во периодот од 16-ти и 19-ти ноември 2015 година тим од командата на бригадата за Југоисточна Европа (South Eastern Europe Brigade-SEEBRIG) предводена од командантот на SEEBRIG бригаден генерал Нуман Једијилдиз изврши евалуациска посета на декларираните единици на АРМ.
Единиците на АРМ кои се деклрирани во SEEBRIG се од составот на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), Здружена Оперативна Команда, и тоа една механизирана пешадиска чета од составот на 2механизиран пешадиски баталјон од 1.мпбр и инженериски вод од инженерискиот баталјон од1.мпбр.
За време на посетата тимот изврши евалуација на декларираната механизирана пешадиска чета (мпч) во касарната „Јане Сандански“ во Штип каде од страна на командирот на четата мајор Шутевски Горан и персоналот од командата на баталјонот беа запознати со составот и мисијата на декларираната мпч, а воедно на лице место се запознаа со активностите и опременоста на четата при што од страна на припадниците од декларираната чета беше изведена и методско показна вежба „Работа на контролна точка“.
При посетата на декларираниот инжинериски вод во касарната во „Илинден“ тимот се запознаа со активностите и опременоста на водот, а пред тимот се реализира методско показна вежба “Маневрирање со натоварен влечен воз на инжинериски машини”.
Командантот на SEEBRIG искажа пофални зборови за единиците и увереност во борбената готовност на декларираната чета и декларираниот инжинериски вод за извршување на задачите во бригадата на Југоисточна Европа.
Единиците кои се декларирани во бригадата се наоѓаат на своите постојани домашни базични локации и се обврзани со принципот на наменски сили за вежби и операции по одлука на земјите учеснички, додека позицијата командант на SEEBRIG ротира помеѓу седумте земји учеснички на двегодишен период.