Во касарната „Чојлија“ припадниците на четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана (чАБХО), од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) го одбележаа Денот на единицата, во услови кога персоналот на единицата е ангажиран во спречување на заразата со корона вирусот.
На свеченоста присуствуваа командантот на 1.пбр, полковник Бесник Емини, со началниците на секции од командата, офицерот за АБХО од Генералштабот на Армијата и поранешните командири на единицата.
Командантот на 1.пбр, полковникот Емини, во своето пригодно обраќање по повод Денот на единицата се осврна на реализираните активности во изминатиот период како и задачите и обврските што следуваат во наредниот период, како единствена единица со посебни обврски и задачи во Армијата и државата.
Единицата е составена од високо обучен кадар, кој во секое време може да обезбеди НХБ заштита, како на единиците на Армијата така и на цивилните структури во државата, која сега се покажува и на дело во справување со пандемијата со вирусот COVID-19.
На свеченоста по повод денот на единицата беа прочитани честитки и стимулативни мерки за припадниците на единицата, а за најдобро одделение беше прогласено второто одделение од вториот вод.
ГЃ/ЧС/БН