Во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште во период од 31.08-04.09.2015 година се реализира Финалната Координативна Конференција (ФКК) за вежбата „Македонски Блесок 11” (МБ-11).
На конференцијата, под раководство на директорот на вежбата и лидерите на синдикатите се изработени сите документи предвидени со Директивата за планирање на вежби на НАТО 75-3, Динамички план за подготовка и реализација на вежбата, организациската наредба со прилози, финализирање на планот на вежбата, модул 5 – активирање на силите и информации за нивно распоредување, модул 6 – финализирање на почетокот на вежбата како и главната листа на настани и инциденти.
За успешна реализација на планираните активности дефинирани се логистичката поддршка и финансиската конструкција, како и персоналните и материјалните ресурси за успешна реализација на вежбата.
Реализираните активности и заклучоци кои произлегоа од завршетокот на ФКК овозможуваат услови за успешно реализирање на вежбата „Македонски Блесок 11” која ќе се реализира во период од 03-09.10.2015 година на АП Криволак и ЦО Пепелиште.