Денес, 27.03.2014 година (четврток) баталјонот за Противвоздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада (вбр) на АП „Криволак“, со персоналот од декларираниот вод ПВО, реализираше боево гаѓање на цели во воздушен простор (ВоП) со противавионски топ (ПАТ) 20/3 мм.
Гаѓањето се реализираше во рамките на логорувањето на кое се наоѓаат припадниците на бПВО, на кое со персоналот од декларираниот вод ПВО, кој е во состав на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ), ќе се реализираат одделенски боеви гаѓања на цели на земја со ПАТ 20/3 мм.
Пренесувањето на дел од орудијата од составот на бПВО беше изведено со помош на хеликоптер од составот на транспортниот хеликоптерски сквадрон од вбр. Овој тип на транспорт се врши по трет пат и претставува показател за одличната соработка и обученост на припадниците од различни единици на вбр.
Логорувањето, како и гаѓањето се дел од редовните и плански активности на баталјонот, кои што имаат за цел подобрување на степенот на обученоста на припадниците на бПВО, како и стекнување на поголемо искуство во ракување со орудијата од составот на бПВО.
Гаѓањето беше извршено успешно, при што припадниците на бПВО покажаа висока подготвеност и обученост во ракувањето со орудијата од нивниот состав, а двете гаѓања беа оценети со оцена „поминал“.